Мицкоски по средбата со маркетите: Нема да дозволиме профитерство

„Државата нема да интервенира во пазарот без причина. Но државата нема ни да стои на страна ако се создава реален притисок врз граѓаните без објективна основа“, изјави Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека одржал средба со претставници на големите трговски синџири во државата, на која било разговарано за состојбата со цените на производите.

Тој истакна дека институциите активно ја следат состојбата на пазарот и порача дека нема да се дозволи профитерство.

„Државата нема да интервенира во пазарот без причина. Но државата нема ни да стои на страна ако се создава реален притисок врз граѓаните без објективна основа“, изјави Мицкоски.

Според него, на средбата со претставниците на маркетите било заеднички заклучено дека цените треба да останат фер и дека не треба да има ново зголемување на производите.

Премиерот додаде дека Владата ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и дека ќе интервенира доколку се појави потреба, нагласувајќи дека најважен е интересот на граѓаните, објави Скопје1.мк.