Премиерот Христијан Мицкоски денеска на отворање на училиште во Драчево, зборуваше за прашањето за Бугарија и коментарите на Борисов и на Радев откако бугарскиот претседател рече дека „паднаа маските, власта во Скопје се плажи да препознае Бугарин и бугарско“
„Жалам што од страна на источниот сосед доаѓаат вакви пораки. Јас мислам дека ваквите пораки се дел од средниот век, но во современа Европа во 21 век постоеле вакви политичари како Радев. Јас сум подготвен да седнам и со едниот и со другиот. Му посакувам на Борисов да ја формира владата, затоа што доаѓаме од Европската народна партија. Но, исто така источниот сосед треба да знае дека поминаа времињата на политичари кои виткаа кичма и коленичаа, и потпишуваа се што им беше ставено на маса, а во исто време со европско знаме го ограбуваа народот. Треба да се навикнат на политичари кои работат деноноќно, и политичари кои немаат намера да виткаат кичма, немаат намера да потпишуваат се и сешто, туку политичари кои се подготвени да разговараат врз основа на документи и факти. Сум за тоа да се градат односи и мостови со соседите, и да се почитуваме. Не можеме да бидеме добри соседи ако немаме почитување“, рече Мицкоски.
„Ние не можеме да сме добри соседи ако немаме меѓусебно почитување, не е добрососедство ако едната страна е понижена, а другата страна ликува. Тоа не е добрососедство, тоа е срам“, додаде Мицкоски.