Мицкоски: Под овие услови ниту сега, ниту во иднина нема да се согласиме Бугарите да влезат во Уставот

Утрово претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во утринската емисија на радио „Лидер“ нагласи уште еднаш дека под овие услови ниту сега, ниту во иднина ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи Бугарите да влезат во Уставот.

„Додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ и доколку не дојде до промена на условите, без разлика дали ВМРО-ДПМНЕ ја води Владата или не ја води Владата нема да се случат промени. Ви реков од принципиелни причини“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека досега Бугарија нема покажано добра волја кон Македонија.

„Што е тоа што ќе покаже Бугарија како знак на добра волја дека навистина во иднина нема да има било каква било каква опструкција кон Македонија. Што е тоа што Бугарија го покажа и го манифестираше? Јас од таму не гледам сигнали освен тоа што молчат“, рече Мицкоски.

„Јас не знам друга држава која имала билатерален спор во Преговарачка рамка“, нагласи Мицкоски.