Мицкоски: Под овие околности нема да дозволиме промена на Уставот

– Под овие околности нема да дозволиме да има промена на премабулата затоа што при  отворањето на Уставот и промената на преламбулата не е пробем дали овие 173 Бугари во Македонија што гласаа ќе бидат внесени во преамбулата. Вие велите, има и хрватска заедница и црногорска, иако еврејската заедница е влезена во делот кога се споменуават верските заедници, не е тоа проблемот. Проблемот е што вас денеска во Охрид во се случува типичен обид за асимилиација – култирниот бугарски центар „Борис Терти“. Претходно во Битола имаше Ванчо Михајлов. Тогаш од страна на Владата имаше храбри изјави дека во Благоевград ќе никнел македонски културен центар, но не се случи, рече Мицкоски во емисијата „360 степени“.

Првиот докумет што произлезе после јулските случувања, дополни, е практично враќање во 11-от век, зборуваме за Самоиловата држава, за Кирил и Методиј, за Климент и Наум. Ниту еднаш не слушнав од страна на Бугарија да зборуваме за тоа што е актуелно како изградба на новиот гасен интерконектор помеѓу Макеоднија и Бугарија во делот Струмица Петрич, да конкурирарме заеднички за некој проект во патната инфраструктура.

-Кога ќе разговараме за тоа и кога ќе слушнеме од другата страна јасен став дека ние немаме намера да се занимаваме со историја и оти историјата не може да биде пречка за интегрирањето на Македонија тогаш можеме да разговараме, рече Мицкоски.

Тој посочи и дека ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од барањето за предвремени парламентарни избори, но во услови на криза одлучиле да водиме поинаква политика – политика на решенија наместо на конфронтации со власта.

Мицкоски соопшти дека изборите остануваат приоритет за него и неговата партија, но проценката им е дека во моментов граѓаните имаат други приоритети.

-Барањето за предвремени избори стои. Мојот приоритет и на ВМРО-ДПМНЕ како основен приоритет, на секоја опозициска партија приоритетот е што побргу да дојде до можноста да формира влада, а тоа може да се случи само на избори, истакна Мицкоски.