„Македонија не треба да се развива врз проценти, туку врз знаење и квалитети – Кога веќе власта сака да разговара за уставни измени на квотата од 20%, тогаш ајде да разговараме за укинување на Бадентер и балансер“.
Ова меѓудругото го изјави синоќа на тв Алсат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски.
Тој посочи дека процентите и квотите се надмината работа, и треба да останат во минатото.
„Луѓето треба да напредуваат затоа што имаат квалитети, компетенции и знаење, без разлика на која етничка заедница припаѓаат или не припаѓаат. ВМРО-ДПМНЕ е за градење на општество за сите луѓе, каде квалитетот и компетенциите ќе се ценат и ќе бидат единствен начин за напредок. Подготвени сме да разговараме за менување на системот на квоти, укинување на проценти, на бадентерот, балансерот, за една изборна единица. ВМРО-ДПМНЕ е за систем кој ќе се темели на вистински вредности“ – нагласи Мицкоски.