Мицкоски: Победивме во над 30 општини во прв круг, реков дека Ахмети ќе биде изненаден

-Кога Ахмети се удираше во гради дека менувал премиери, реков полека – ќе бидеш изненаден од резултатот. Ова е тој ден. На овие избори темите на етноцентризам, национализам, на орли и зајаци се поразени и се отвора прашањето за реформи во опозицијата – рече тој.

Ветивме победа, имаме победа, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по денешното гласање во првиот круг на локалните избори.

-Ова е триумф на народот, Македонија не избра партија, туку насока и вредности, луѓе кои веруваат во работа, а не во зборови. Оваа убедлива победа не е крајот, туку почеток на новата македонска енергија. Секој што гласаше за промените гласаше за вистината дека може подобро. Довербата не е награда, туку задача што почнува утре – рече Мицкоски.

Според него, овие избори биле најдемократски избори досега, а се друго е алиби за изборниот пораз.

-Имаме победа во над 30 општини уште во првиот круг, разликата е 2 спрема еден, некаде многу поголема. Победивме во Струмица, 20 години чекавме на овој ден. Победивме во Делчево, Берово, Битола, Прилеп, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Охрид, Бутел, Ѓорче Петров, Гази Баба, Кисела Вода… Орце има големо водство во Скопје, таму е извесен победникот во втор круг. Водиме во Карпош, Сотир сам се бореше против сојузи и подземи игри – рече тој.

Мицкоски додаде дека овие избори се порака и за ДУИ.