Мицкоски: Патиштата не се ниту на СДС, ниту на ДУИ, туку на граѓаните

„Не планираме по 7 потрошени години власт, да влегуваме во пресметка на СДС чив е експресниот пат. Тој не е ниту на СДС, ниту на ДУИ или друга партија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на експресниот пат Страцин – Крива Паланка.

Тој рече дека во изминатите седум години не бил реализиран ниту еден проект.

„Народот знае дека шајка не заковаа 7 години и како е можно за 7 години да немаа отворање на ниеден сериозен инфраструктурен проект, апсолутно ниту еден, и сега оправдано на сите нормални луѓе им изгледа налудничаво кога тврдат дека се ова, тие направиле. Токму тоа беше една од причините зошто изгубија на избори. Покрај криминалот и измеќарството кон ДУИ. Да потсетиме дека плаќаа тешки милиони, а немаа почнато со градба. Така да, бесполезни се ваквите дебати со нив. Сѐ уште живеат во филмовите на потценување на народот и сурово бескурпулозно лажење, типично за нивното лидерство и нивниот лидер во сенка.

-Патиштата остануваат на граѓаните на Македонија. А СДС за жал на сите, е тука со своето однесување да не потсетува како не треба“, рече Мицкоски.

(Видео) Бочварски: Експресниот пат Страцин – Крива Паланка е проект на СДСМ, горди сме што е завршен