Христијан Мицкоски – лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска рече дека очекува продолжување на политиките на заевизмот, неуспесите, немањето на стратегија.
„Имав прилика да слушнам едно интервју на Ковачевски, стерилно, буквално не можам да препознаам некоја политичка, лидерска реченица која ќе можам да ја коментирам. Затоа очекувам само продолжување на политиките и ништо друго. Освен обраќањето на Ковачевски кон Заев како претседателе, ловориките, глорификацијата, ништо не слушнавме од новиот лидер на СДСМ“ – смета Мицкоски.
Тој истакна дека не очекува никаков пресврт и во однос на политиките на Владата која ќе ја предводи Ковачевски.
„Продолжува заробената држава и хибридниот режим. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија со најголема пратеничка група во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ е партија со најмногу градоначалници, три четири пати повеќе од СДСМ, со најмногу советници во општините, но ете Пендаровски продолжува да биде дел од хибридниот режим и заробената држава и одлучува мандатот да го даде на лице кое не учествувало на изборите, ниту ја побарало довербата, ниту има било каков народен легитимитет“ – рече Мицкоски.