Мицкоски: Очекувам предлог за министер за здравство

– Мислам дека треба да се задржи онаа структура во Владата во којашто функционира досега, така што очекувам предлог, па да видиме, нормално со какви квалификации располага предлогот, изјави Мицкоски.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски очекува предлог за министер за здравство, за кој најавува дека ќе се проценува според квалификациите на кандидатот.

Одговарајќи на новинарски прашања премиерот рече дека најдоцна до наредната недела до пратениците ќе бидат доставени имиња за членови на Владата, по повлекувањето на Арбен Таравари од АА и неговите кадри.

-Јас очекувам оваа, најдоцна следната недела, имињата на членовите на Владата да бидат познати, доставени до пратениците, изјави премиерот, при денешната посета на Делчево.

Вреди, посочи, очекуваат да го задржат ресорот здравство, а треба да се задржи структурата во Владата.

– Мислам дека треба да се задржи онаа структура во Владата во којашто функционира досега, така што очекувам предлог, па да видиме, нормално со какви квалификации располага предлогот, изјави Мицкоски кој изврши увид во градежни активности на проектот реконструкција на улици во населба Ново Делчево, Општина Делчево.

Таравари, лидер на едно од крилата во Алијансата за Албанците на 15-ти мај до премиерот Христијан Мицкоски поднесе неотповиклива оставка од функцијата министер за здравство, откако претходно најави дека ја напушта владината коалиција.