
„Опасни се игрите со етнички „европски фронт” кој го заговараат СДСМ/ДУИ со помалите албански партии со цел формирање нова влада, ако апсолутен победник биде ВМРО-ДПМНЕ, а секако ќе биде. Таквите игри може да го запалат ,,бурето барут” и да го нарушат кревкиот мир“, предупреди претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за ТВ24.
Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со повеќе од 55 пратеника.
Предизборниот и постизборниот етнички ,,европски фронт” го заговараат СДСМ и ДУИ со помалите албански партии, наспроти двојното водство на ВМРО-ДПМНЕ и очекуваната драстична разлика, околу 55 пратеника, а и над. Тука се плус и опозициската Левица, како и партијата на Максим Димитриевски. Моја прогноза е дека тие би имале од 6 до 9 пратеника, вели Мицкоски.
Според Мицкоски, ќе треба по избори некој да го менаџира народниот гнев кон власта изразен од граѓаните на избори доколку некој се обиде да ја оспори опозициската победа и коалицијата која брзо би стасала до 61.