Мицкоски од Скопје, Филипче од Крушево ги започнуваат митинзите за Локалните избори 2025

ВМРО-ДПМНЕ денеска со митинг во Скопје, во Спортски центар Јане Сандански, ја започнува кампањата за претстојните локални избори. ➡Централниот настан на опозициската СДСМ е во Крушево.

Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од 19 часот со митинг во Скопје, во Спортски центар Јане Сандански, ја започнува кампањата за претстојните локални избори.

Освен него, пред поддржувачите на партијата се очекува да се обратат и Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје и Даме Димитровски, носител на листа на советници за Град Скопје.

Опозициската СДСМ, предводена од лидерот Венко Филипче ја започнува изборната кампања од Крушево, Демир Хисар и Могила. Централниот настан е во Крушево со почеток во 20 часот, а претходно, во 18.30 часот има настан во Демир Хисар, додека во 17.30 претставници на СДСМ и коалицијата ќе бидат помеѓу граѓаните на Могила.