Мицкоски одбива тајни средби со Ковачевски, датумот за лидерска средба се уште непознат

Најавената лидерска средба меѓу Ковачевски и Мицкоски ќе почека дури по празниците. Иако најавите на Ковачевски беа дека можно е да седнат на маса со Мицковски и во првите работни денови од новата година тоа нема да се случи. Мицковски не добил покана за лидеска средба, а во изјава за порталот Прес 24 му порача на Ковачевски дека не прифаќа никакви тајни средби, бидејќи со него немало што тајно да споделува.

– Не, сме немале никаква средба. И не постои нешто како јавна најава за тајна средба како што кажуваше самиот премиер. И сметам дека нема потреба да се среќаваме на никакви тајни средби. Не знам за Ковачевски, но јас со него немам ништо тајно за споделување. Јас го разбирам него. Сака да имаме средба, потоа тој кај него во партија да им раскажува работи кои не се случиле, да им создава лажна надеж и на тој начин да создава привид за некакво единство, за да ја доддржи партијата во која има евидентно незадоволство по повеќе основи. Тоа се нивни работи, но јас знам дека кога и да имаме средба за тоа ќе биде известена јавноста, вели Мицкоски.

И Ковачевски немало што тајно да разговаа со Мицкоски. Иако датум не соопштува, потврди дека потпретседателите на двете партии биле во постојана комуникација.

По Водици опозицијата ќе имала целосна слика за новиот состав на техничката влада, иако Мицкоски смета дека тие влади досега се покажале како слаби исполнети со конфликти и бројни кочења. Не ја отфрла можноста Наќе Чулев да биде идниот министер за внатрешни работи иако партијата се уште нема донесено одлука.

СДСМ пак веќе ги утврди имињата на министрите во техничката влада на која премиер ќе биде Талат Џафери.

Актуелниот шеф на кабинетот на Спасовски,Митко Бојмацалиев, е кандидат за позицијата замник министер во внатрешни, Грковска предложена да остане на позицијата која и досега ја извршува, вицепремиер за добро владеење. На позициите според одлука на СДСМ остануваат и Битиќи и Маричиќ.

Ресорите во во техничката влада ги задржуваат и Бисера Костадиновска Стојчевска, Каја Шукова, Љупчо Николовски, Благој Бочварски и Славјанка Петровска.

Во кабинетот кој ќе го предводи талат Џафери, ВМРО ДПМНЕ ги добива министерските позиции во МВР и труд и социјална политика, како и тројца заменици во министерствата за финансии, за земјоделство и за информатичко општество и администрација.