Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прашања за коментар за новата коалиција во која е и партијата Алтернатива рече дека ова наликува на последниот чин на обидот за уништување на Македонија, во режија на Зоран Заев и СДСМ.
„Ова што се случува изминативе денови претставува политичка некултура и препелкање на самиот Зоран Заев и СДСМ и обид, колку толку да го продолжат својот политички век на траење на неколку недели. Срамно е ова што се случува, срамно е што политиката се сведе на трговија како на зелен пазар и наместо да зборуваме за стратегија, за визија, да зборуваме за вредности, да зборуваме за проекти за развој, денес дебатата се сведува на тоа кој – колку министерски места добил, колку директорски места добил, колку членови во управен одбор, колку во надзорен и на крај на денот сето тоа го плаќа сиромашниот граѓанин во Македонија. Сите се таму незадоволни, во разговори со мене сите се незадоволни, таму не се знае кој е задоволен, дури и во СДСМ меѓу себе изразуваат незадоволство, ова е пластелин коалиција, коалиција за неколку недели да биде продолжен политичкиот век на траење на неколкумина од врхушката на СДСМ“ – рече денеска Мицкоски во Штип