
Никој од поранешните функционери нема да одговара поради измените на КЗ, објасни премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите.
Како што објасни премиерот не е возможно функционерите кои се веќе амнестирани поради измените на Кривичниот законик да одговараат со евентуални повторни измени на КЗ.
– Владата на СДСМ и ДУИ го донесе тој кривичен законик, бришејќи го ставот 5 од 353 со што направи генерална анместија. И денека кога ќе ме праша некој граѓанин зошто не одговара некој, многу едноставно, затоа што го избришаа ставот, делата застареа. И да ги вратиме измените тие секогаш ќе се повикуваат на оној закон кој е за нив поповолен, вели Мицкоски.