Мицкоски: Не е проблем да појдам во ССМ, понудата е на маса, нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише

Не е проблем јас да појдам во ССМ, понудата е на маса. Нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише и тогаш и 7.700 државни административци ќе добијат за две години и два месеца зголемување од 40 проценти на плата, одговори денеска премиерот Христијан Мицкоски откако вчера на прес-конференција лидерот на Сојузот на синдикати го повика во понеделник да дојде во ССМ и да го потпишат зголемувањето на платите за 40 проценти и на минималната плата на 600 евра веќе од февруари.

Не е проблем јас да појдам во ССМ, понудата е на маса. Нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише и тогаш и 7.700 државни административци ќе добијат за две години и два месеца зголемување од 40 проценти на плата, одговори денеска премиерот Христијан Мицкоски откако вчера на прес-конференција лидерот на Сојузот на синдикати го повика во понеделник да дојде во ССМ и да го потпишат зголемувањето на платите за 40 проценти и на минималната плата на 600 евра од февруари.

– Понудата е ставена на маса и доколку се прифати од нивна страна, не е проблем. Понудата е било каде да се одржи тој состанок – било во Владата, било во ССМ или во некоја друга просторија. Нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ, има таму уште еден репрезентативен синдикат, ние сме подготвени. Понудата е ставена на маса и доколку се прифати од нивна страна, нема никаков проблем. Тогаш и овие 7.700 – 7.800 работници државни административци ќе добијат за две години и два месеца миниум 40 проценти поголема плата, изјави Мицкоски.

За Предлог-законот за зголемување на минималната плата поднесен од СДСМ, рече дека не го видел, но дека ставот на Владата е јасен – да се договорат работниците и работодавачите околу зголемувањето на минималната плата.

– Ние, како најголем работодавач, нашите односи со работниците се регулирани. Останува уште еден мал дел отприлика околу 7.700-7.800 вработени во државната администрација односно административни службеници. Понудата е на маса – доколку синдикатите, двата репрезентативни синдикати или претставници на синдикатите се сложат, ние сме подготвени уште утре тоа да го прифатиме. Со други зборови за две години и два месеца од денеска вработените во државната администрација ќе имаат миниум 40 проценти повисоки примања. Тоа е нашиот предлог. Останува на синдикалните лидери да се оттргнат од политичките влијанија и во интерес на работниците, да го потпишат. Владата во трипартитниот дијалог е само фасцилитатор, а СДСМ е само политичка партија, изјави Мицкоски.

Тој со осуда и за судската пресуда за новинарката Лиридона Вејсели која треба да плати казна од 700 евра затоа што во новинарски прилог споменала име на судија.

– Јас не можам од судијата да побарам одговорност, бидејќи не сум тој кој именува судии, таму има Судски совет, но, најостро ги осудувам ваквиот тип на ограничување на слободата на говорот. Честопати тоа сум го кажал и сега ќе го кажам, новинарите треба да се однесуваат етички, да служат да ја информираат јавноста. Слободата на говорот е пред се и над се и било кој напад врз новинар, вклучително и овој за кој сега вие кажувате, најостро го осудувам и апелирам тоа да не се повторува во иднина без разлика дали е од страна на некој политичар, некоја јавна личност, судија во случајот, бидејќи тоа може да се толкува како ограничување на слободата на говор, рече Мицкоски.

За денешниот протест против Цементарница УСЈЕ, премиерот со став дека секој има право да го искаже своето незадоволство, но дека се работи на тоа да се подобрат работите.

– Тоа што децении ништо не е направено, јас тука не би можел ништо да кажам. Потпишавме договори за изградба на когенеративни централи и далечинско греење, донесовме електрични автобуси не само во Скопје, ќе добијат и другите градови и Тетово. Работиме на сите можни начини да обезбедиме граѓаните да имаат поздрава и еколошки почиста средина, рече Мицкоски кој денеска беше во посета на Тетово.