Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изрази жалење затоа што како што кажа на лидерската средба не говореле за реалните проблеми на граѓаните, како што е високата инфлација.
Вели дека зборувале за уставните измени, под превезот на европската иднина, нешто што досега го погазиле.
„Немаат мнозинство за уставни измени и водејќи се од овој заклучот, излезот е Парламентот да се распушти, да имаме техничка Влада и да одиме на избори“, рече Мицкоски.
Тој вели дека оваа лидерска средба е задоцнета, фрустрира и дека дошле иако знаеле дека ќе зборуваат за теми кои не ги опфаќаат реалните проблеми на граѓаните. Toj рече дека Павле Трајанов од Демократски Сојуз(ДС) дал заклучок да се задолжи Бугарија да го признае македонското малцинство. Мицкоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласаат за уставните измени. Тој кажа дека Македонија досега направила многу жртви со цел да се приближи кон ЕУ.