Мицкоски: Нека не посакуваат предвремени избори, може да им се случат

Премиерот Мицкоски повторно го отвори прашањето на предвремените избори како можност откако го стори истото пред околу две недели.

Премиерот Мицкоски повторно го отвори прашањето на предвремените избори како можност откако го стори истото пред околу две недели.

Тој на обраќањето на одбележувањето на 23 Октомври Денот на македонската револуционерна борба и се обрати на опозициската СДСМ и им порача дека калкулациите за тоа колку би добила пратенички места според резултатите од локалните избори е повик за предвремени избори кој, како што рече, може да им се оствари.

„На опозицијата ќе им оставиме време да се консолидираат и да размислат дали на пример ќе се осмелат да одат на предвремени избори, кои да бидат директен јас не ги посакувам и сметам дека се непотребни и дека е време за резултати и голема офанзива на секој план.

-Но нивната весела математика и оваа упорност со надмудрување и создавање на вештачки теми и блефови треба да добие соодветен одговор. Затоа нека внимаваат што зборуваат и што посакуваат, може и да им се оствари“, вели премиерот Мицкоски.