Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК.
„На средбата разговаравме за унапредување на работничките права, состојбата во образованието, науката и културата, колективните договори како и состојбата со платите и нашата тенденција тие да растат согласно реалните можности на економијата.
Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати.
Разговараме за сет одлуки и системски мерки кои ќе бидат одржливи на долг рок. Следуваат добри одлуки” напиша Мицкоски.