Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес е во посета на Будимпешта. Каде оствари средба со премиерот на Унгарија и претседател на сестринската партија Фи-дес, Виктор Орбан.
Мицкоски на средбата го истакнал ставовот на неговата партија дека ЕУ интеграцијата и е неопходна на Македонија, но таа да биде достоинствена и со зачувуван идентитет.
Претходно еврокомесарот Оливер Вархеј упати порака до опозицијата во земјава да се држи до европските вредности, партијата да се покаже со дела, а не само со зборови да тврдат дека се за ЕУ интеграции.