Мицкоски на средба со директорот на „Рамбл“, Крис Павловски

Премиерот Христијан Мицкоски, кој во САД ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, имаше средба со Крис Павловски сопственик на „Рамбл“ компанијата каде дел од акционерската структура е и Хауард Лутник, номинираниот министер за трговија.

„Директно од аеродром на состанок… во Вашингтон имав исклучително продуктивен долг состанок со мојот пријател Крис Павловски сопственик на ‘Рамбл“. Капиталот на Павловски од ‘Форбс’ е проценет на 1,2 милијарди долари“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Тој додава дека на состанокот се разговарало за инвестиции на „Рамбл“ во Македонија во делот на дигитализацијата.

„Имајќи предвид дека Крис има македонско потекло, Македонија е тема која е секогаш дел од нашите разговори, зборувавме за предизвиците кои се дел од сегашноста, но и иднината. Се бориме за напредок и иднина на нашите граѓани и татковината“, вели Мицкоски.

Крис Павловски, кој е основач на „Рамбл“ и негов извршен директор, има 25 отсто од акциите во компанијата.