Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска остварил средба со Георг Вуцас, амбасадор на Австрија, амбасадорот на Република Чешка во Македонија Јарослав Лудва, како и амбасадорот на Словачка – Хенрик Маркуш.
На средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба.
Мицкоски ги информирал амбасадорите за актуелната политичка состојба во државата, додавајќи дека владата на СДСМ и Димитар Ковачевски се гушат во криминални скандали и афери, а на сметка на тоа граѓаните секојдневно тонат во сиромаштија.
Од страна на Мицкоски било истакнато дека довербата на граѓаните во правосудните органи е на многу ниско ниво и оправдана, бидејќи владата на СДСМ и ДУИ ги контролира истите, а како што рече за тоа најдобра потврда доаѓа и од САД.
Мицкоски уште еднаш го афирмирал ставот на партијата дека потребни се предвремени парламентарни избори.