
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со владина делегација ќе присуствува на Самитот за Западен Балкан, кој оваа година се одржува во Лондон, Велика Британија.
Претседателот, заедно со вицепремиерот Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска, како и министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани ќе учествуваат на голем број состаноци во состав на Берлинскиот процес.
На маргините на самитот, а и во рамки на посетата на Обединетото Кралство, Претседателот на Владата се предвидени се голем број на билатерални средби, според владината прес-служба.
При посетата на Обединетото Кралство, владината делегација ќе оствари повеќе економски работни средби кои ќе преставуваат економски исчекор за меѓусебната соработка, се додава во соопштението од Владата.