Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека Владата продолжува со политиката на линеарно зголемување на пензиите, така што следното покачување пензионерите ќе го добијат во април, со исплатата на мартовската пензија.
-Ќе има повторно линеарно зголемување. Последните статистички параметри за нивото на сиромаштија и Џини коефициентот само дополнително ја оправдуваат оваа политика – истакна Мицкоски.
Тој потсети на динамиката на зголемувањата – по 2.500 денари во ноември 2024 и април 2025, како и 1.000 денари во ноември 2025 година.
-Така ќе биде и сега во април за мартовската пензија во 2026 година. Сакаме да го намалиме нивото на сиромаштија и Џини коефициентот, кој подразбира нерамномерна распределба на приходите. Во тој поглед сме најдобри во регионот и над европскиот просек – додаде премиерот.