Мицкоски најави нова инвестиција: Германската ЕПСОТЕХ и белгиската АИМ ќе инвестираат 20 милиони евра во земјава
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи најави нова германско-белгиска инвестиција.
Тој соопшти дека дека германската компанија ЕПСОТЕХ во партнерство со белгиската АИМ ќе инвестираат во изградба на нов производствен погон, за што ќе бидат вложени 20 милиони евра.
„Одлича вест за сите граѓани е дека германската компанија ЕПСОТЕХ во партнерство со белгиската АИМ ќе инвестира во изградба на нов производствен погон, за што ќе вложи 20 милиони евра.
Објектот ќе биде лоциран во општината Петровец, надвор од технолошко-развојните зони и во него ќе се произведуваат елементи од автомобилската, железничката и здравствената индустрија.
Со градежни активности се започнува на крајот на август, а за една година се планира вработување на повеќе од 110 наши сограѓани. Toa што е значајно дека дел од инвестицијата е и Центар за устражување и развој што дава голема додадена вредност на истата и ќе значи ангажирање на високо стручни вработувања. Инвестициите се решението за подобар живот на граѓаните“ напиша Мицкоски на социјалните мрежи.