Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски денеска рече дека се работити на набавката на најмалку 100 електрични автобуси и во завршна фаза е подготовката на тендерската процедура. Тој обелодени дека со сите потенцијални снабдувачи се разговара и за отворање на фабрика во Скопје за производство на електрични автобуси и вработување на минимум 500 луѓе на.
Мицкоски рече и дека се заложуваат за силно и доброплатени работни места, со што Македонија ќе се ставела на мапата на производители на електрични автобуси во Европа.
„Христијан Мицкоски треба да одговори во кое својство и во чие име најавува дека преговарал за нови автобуси за Град Скопје“ – реагираше СДСМ на денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Како преговарал Мицкоски за оваа набавка со пари на скопјани? Како Јанушев и Груевски за кинеските автобуси? Или како Гордана Јанкуловски и Груевски за ‘она на М‘? За сите овие криминални и корупцуски набавки има предмети пред судовите. Мицкоски може 100 дена да прави скапи отчети, може да глуми заменик градоначалник, но факт е дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемото разочарување за граѓаните, за општините и не работат ништо“ – стои во соопштението од СДСМ.