„Мандатарот кој ќе го предложи составот на Владата нема кредибилитет да преговара од името на македонскиот народ за неговиот идентитет. Очекувам да се слушне гласот на ВМРО-ДПМНЕ како најголемата политичка партија во земјава“. Ова денеска го изјави претседателот на партијата – Христијан Мицкоски.
„Очекувам дека какво било решение кое што ќе одлучува за идентитетот на македонскиот народ нема да биде во немилост на нелегитимниот премиер и на авантурист преговарач како Бучковски. Очекувам да се слушне гласот на македонскиот народ, на најголемата политичка партија во Македонија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, политичката партија која што има најголема политичка група во Парламентот од определени гимнастики позната на јавноста е, за жал, во опозиција, со најголем број градоначалници и најголем број советници, политичка партија која што го декласираше владиниот најголем коалиционен партнер, а тоа е СДСМ на претходните локални избори, а како што стојат мерењата на јавното мислење ќе го декласира и на евентуалните предвремени парламентарни избори“ рече Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ, според него, е политичка партија со најголем број пратеници и го има легитимитетот гласно да зборува посебно кога станува збор за македонскиот национелен идентитет.
„Гледаме дека од соседна Бугарија на дневна основа се негира македонскиот национален идентитет, дури и тоа се случува во очи на најголемите православни христијански празници“ – вели Мицкоски
Тој не очекува поместување во однос на македонско-бугарските однсои по најавениот нов пристап од Софија и бара дипломатска акција од европските партнери за земјата да ги почне преговорите со ЕУ