Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11 милиони денари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук со нова економска пресметка.

„ЕСМ/ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 30ти Август до 6ти Септември од 2 до 7 часот во вкупна количина од 2000 MWh.

Цената по која овие ноќни вишоци се продадени е 337/MWh!

За истиот тој период цената на струјата на HUPX (референтна берза при утврдување на цената на струјата во Македонија) е 426 €/MWh или по денови:

30/Август 628,428 €/MWh

31/Август 557,212 €/MWh

1/Септември 533,17 €/MWh

2/Септември 425,486 €/MWh

3/Септември 271,298 €/MWh

4/Септември 233,426 €/MWh

5/Септември 301,902 €/MWh

6/Септември 456,874 €/MWh

Разликата во цена е:

2000 MWh x (426-337)€ = 178.000€

Заклучок: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови“ стои во Фејсбук објавата на Мицкоски.