Мицкоски купи 30 сезонски карти за ФК Вардар

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски купил 30 сезонски карти за ФК Вардар. Веста ја соопшти на социјалната мрежа ФБ.

„Денес купив 30 сезонски карти за ФК Вардар. Да го помогнеме Вардар, да покажеме дека навивачите се тука за најтрофејниот македонски клуб.
Со срце за Вардар!“, стои во објавата на Мицкоски.