Мицкоски од Брисел: Ќе разговараме, но ултиматуми не прифаќаме

Премиерот Христијан Мицкоски по средбата со еврокомесарката Марта Кос и со претседателот на Европскиот совет Антонио Коста порача дека ултиматуми не прифаќа, но е подготвена да разговара.

Премиерот Христијан Мицкоски по средбата со еврокомесарката Марта Кос и со претседателот на Европскиот совет Антонио Коста порача дека ултиматуми не прифаќа, но е подготвена да разговара.

„Македонската влада останува фокусирана на реформи, на обезбедување подобар живот на граѓаните и, нормално, наша главна цел е обезбедување полноправно членство на нашата Македонија во рамките на Европската Унија“, изјави Мицкоски.

„Го реафирмиравме ставот дека ултиматуми не прифаќаме, подготвени сме да разговараме, и тоа онолку колку што е потребно за отворање на првиот кластер, бргу да го поминеме тој процес на преговори и да станеме земја- членка на ЕУ.“ додаде Мицкоски.

Средбите со Кос и со Коста според него поминале во исклучително пријателска атмосфера, срдечна и конструктивна атмосфера при што им го пренел „ сето она што ние како држава го имаме поминато како предизвик во минатото и  се она од што се откажавме во име на европските вредности“.