„Активна блокада на Собранието не подразбира блокирање на законите што се од интерес за граѓаните. За граѓаните нема да биде страшно, туку ќе биде страшно за СДСМ и ДУИ“.
Ова вечерва на тв Телма го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски.
„Ние бевме многу внимателни и чекавме и 100 дена да поминат. Сите не прашуваат зошто сте толку мирни? Сега на нас ни викаат, они си ја добија владата, вие општините и сите крадете. Сите сте исти. Не сме сите исти. Ковачевски што мислеше дека со тоа што ме одби за лидерска средба ќе покаже дека е некој мачо политичар. Тој ПР што го советува тоа, треба да знае дека е многу лошо. Јас не го уценувам Ковачевски. Тоа не е мојот карактер. Имаше на времето еден политичар што уценуваше друг политичар. Јас не сум таков. Спремен сум да разговарам на сите теми“ – вели Мицкоски.
„Ако продолжат вака да се инаетат мојата порака до нив е ќе бидат трајно одговорни како генерација политичари затоа што практично ја донесоа државата во амбис. Затоа мојот совет и Ковачевски нека не биде мачо политичар“ – му порача Мицкоски на Ковачевски.
Лидерот на најголемата опозициска партија во земјава излезе со став дека првата мерка што би ја направиле е намалување на давачката, односно рамниот данок наместо 10 проценти да биде 8 проценти.
„Ќе ги зголемиме инспекциите на терен и ќе ја намалиме сивата економија. Имаме механизми, имаме алатки од 10 на 8 проценти, зголемен број на контроли на терен“ – рече тој.