Мицкоски категоричен: 100% не гласаме за промена на Уставот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното интервју за Алсат зборува за расправата за уставните измени за која вели дека нема да има поддршка од неговата партија.

100% не гласаме за промена на Уставот, категорично вели Мицкоски.

Тој зборува и за обвинувањата за корупција против ДУИ, велејќи дека ќе се појават и нови сериозни докази за вмешаност на партијата на Ахмети во бројни злоупотреби. Мицкоски смета дека е време ДУИ да замине во опозиција.

Што се однесува до актуелните албански опозициски партии, лидерот на ВМРО смета дека ќе имаат многу добри резултати на изборите.