Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја предводи партиската делегација на отворањето на македонскиот кулутрен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, потврдија од опозициската партија.
И од опозициската Левица соопштија дека нивна делегација на 30 октомври ќе биде во Благоевград, Бугарија.
Премиерот Димитар Ковачевски вчера изјави дека и покрај поканата, нема да оди во Благоевград на отворањето на македонскиот културен клуб.
„Отворањето културни клубови е начин на кој се зближуваат граѓаните, но и државите“ рече Ковачевски.
Покана за присуство е испратена и до македонската амбасада во Софија и новата амбадасорка Агнеса Руси Поповска.