
Мицкоски: Истрагата за трагедијата во Кочани ја води јавниот обвинител а не Владата, тој кажува кои лица ќе бидат опфатени
Ние како извршна власт ќе постапуваме по налог на Јавното обвинителството, а во координација со судот. Истрагата ја води јавниот обвинител, не јас. Јавното обвинителството, заедно со судот одредуваат какви мерки и кои лица ќе бидат опфатени, и дали треба да се приведуваат високи владини функционери, порача денеска од собраниската говорница премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на пратеничкото прашање до каде е истрагата за трагедичниот настан во Кочани.
Ние како извршна власт ќе постапуваме по налог на Јавното обвинителството, а во координација со судот. Истрагата ја води јавниот обвинител, не јас. Јавното обвинителството, заедно со судот одредуваат какви мерки и кои лица ќе бидат опфатени, и дали треба да се приведуваат високи владини функционери, порача денеска од собраниската говорница премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на пратеничкото прашање до каде е истрагата за трагедичниот настан во Кочани.
На денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, упати прашање до Мицкоски, кое се однесуваше на трагедијата во Кочани. Тој постави прашање до каде е истрагата и дали ќе има морална одговорност во однос на трагедијата која однесе 62 млади животи и над 100 повредени.
-После повеќе од еден месец можеме јасно да заклучиме дека кај највисоките владини функционери не постои морална вертикала, не постои чувство на морална одговорност и затоа денес немаме ниту една оставка од морални причини. Ова е поразително за една влада после несреќа од вакви размери и со толкав број на изгубени човечки животи. Но за моралот не се дискутира, човек или го има или го нема. Вториот заклучок е водење на селективна истрага која во суштина треба да ги заштити сегашните носители на високи позиции во Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат и други институции од нивната одговорност. Моето прашање е дали свесното и тенденциозно разводнување на истрагата е со цел да се попречи правдата и да се заштитат актуелни функционери кои се директно виновни за непосредните причини за пожарот, рече Трајчулески.
Премиерот Мицкоски одговори дека истрагата за трагедијата во Кочани ја води јавниот обвинител, а не Владата.
-За пет месеци од денеска ќе почне кампањата за локалните избори. Граѓаните ќе кажат чија политичка кариера завршува, чија политичка кариера продолжува и во каков формат ќе продолжи. Истрагата ја води јавниот обвинител. Не јас, и не Владата. Ако јавниот обвинител одлучи дека мене треба да ме приведат, нека ме приведат во истиот момент. Ако јавниот обвинител одлучи дека треба да одам во затвор, ќе одам, рече Мицкоски.
Како што додаде, не знае кои лица ќе бидат опфатени во истрагата, тоа е прашање кое треба да се постави до јавниот обвинител.
-Вкупно 68 лица досега се опфатени во истрагата, од страна на јавниот обвинител. За разлика од Модуларната болница, кога гореа живи луѓе, Ласкарци, Беса транс, каде што починаа 75 наши сограѓани. Тогаш имаше нула обвинети. Дали ќе останат 68 или ќе бидат 168 не знам, тоа ќе го каже Обвинителството, не јас. Не кажувам јас, не кажува министерот за внатрешни работи. Обвинителството, заедно со судот, одредуваат какви мерки и кои лица ќе бидат опфатени. Ако обвинител каже дека треба да апси и приведува високи владини функционери од оваа Влада, ќе се слушне тоа. На крајот од денот, еден член на Владата е во притвор. Во ваше време, тоа беше невозможна мисија, додаде Мицкоски.
Тој напомена дека постапуваат истите оние обвинители и судии кои се бирани од СДСМ.
-Во однос на тоа е должен да знае дали локалот има лиценца или не, тоа треба да го знае органот кој што го издава, поточно Министерството за економија. Имале лиценца, но тоа што не била легална е друго, како што не биле важечки и легални други лиценци издавани од овој орган. Околу постапувањето по налог на Обвинителството и судот, актуелен градоначалник е во притвор. Кога зборуваме за морал, етика и водење на истраги и постапување на истие, најмалку вие имате право да зборувате. Треба да ги оставиме семејствата и родителите, затоа што кај нив болката и тагата е огромна, напомена Мицкоски.