Мицкоски: Илинден нека обединува и потсетува каква држава треба да оставиме на генерациите по нас

-Овој ден нека потсетува на жртвата што генерациите ја оставиле за да може нашата генерација да го има ова што денеска го имаме - а тоа е слободна, независна држава Македонија. Нека нивната жртва потсетува каква држава треба ние да оставиме на генерациите што следат после нас. Држава во која ќе имаме среќни граѓани, држава што ќе биде просперитетна. Држава што ќе биде татковина на сите, без разлика на етничката припадност. Овој ден нека обединува, ова е ден за обединување. Да се слави, јас би рекол и да ни е вековит денот. Да го чествуваме достоинствено, на помош нека ни е Свети Илија, порача Мицкоски во изјавата за медиумите.

Премиерот Христијан Mицкоски, придружуван од вицепремиерот Изет Меџити, како и министерката за образование Весна Јаневска, положи цвеќе на споменикот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев пред зградата на Собранието, на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ и на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто на плоштадот „Македонија“.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Скопје го честита Илинден со пораки за заедништво и просперитет.

„Овој ден нека нè посетува на жртвата којашто генерациите ја оставиле, за да може нашата генерација да го има ова што денеска го имаме, а тоа е слободна, независна држава Македонија. Нека нивната жртва нè потсетува каква држава треба ние да оставиме на генерациите после нас. Држава во којаштo ќе имаме среќни граѓани, која ќе биде просперитетна и ќе бидe татковина на сите – без разлика на етничката припадност. Ова е ден на обединување, да го чествуваме достоинствено и напомош нека ни е Свети Илија“, кажа премиерот.