Мицкоски: Изборите ќе бидат референдумско изјаснување – ВМРО-ДПМНЕ наспроти Ковачевски, Ахмети, Груби, Османи!

Извештајот на Европската комисија е извештај за уназадувањето на Македонија, но не сум изненаден бидејќи континуирано предупредуваме на ова што се случува. Граѓаните се сведоци на реалноста дека во Македонија тешко се живее и оти имаме едно политичко-криминална коалиција на власт. Инфлацијата руши рекорди, стандардот е низок , учениците немаат учебници, пензионерите протестираат, а младите се селат. Криминалот и корпуцијата се во пораст.

Ова го наведува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Република“.

„Нема како тоа да не биде отсликано во ваков извештај за уназадување на Македонија а не за напредокот и колку побргу се случат парламентарни толку побргу Македонија ќе тргне и ќе зачекори по оние патеки по кои сите ние очекуваме дека ќе чекори.Имаме рекордно ниска недоверба во партизираното обвинителство и судство.Недовребата во правдата е основа на извештајот.Не гледам никаква визија и персектива што ја нуди оваа влада на СДСМ и ДУИ “ – објаснува Мицкоски.

Мицкоски има коментар за т.н европски фронт.

„Тоа го користеа како п.р трик мислејќи дека на тој начин ќе заведат дел од граѓаните и ќе добијат некаква милост од страна на меѓународната заедница.Од една страна потпишуваа договори кои не се во можност да ги испорачаат бидејќи се понижувачки, а од друга страна додека тоа го правеа со едната рака со другата крадеа.Тие се водеа од максимата дека тоа што тие и го прават на Македонија и на граѓаните е внатрешен проблем а дека меѓународната заедница тоа не ја интересира толку колку што ја интересира тоа што го потишуваат. Има простор за уште поголема критика посебно во делот на злоупотреба на европското знаменце каде што на еден брутален начин се избегнуваат процедурите во Парламентот како со измените во Кривичниот законик со кој се обидуваат да се амнестираат“ – анализира Мицкоски.

Тој објасни по која политика се водат.

„Подобро да биде тешко отколку да биде срамно. За жал тие одбраа да биде срамно отколку тешко и мислат дека на овој начин ќе обезбедат за себе некаква амнестија кога ќе бидат во опозиција“.

Мицкоски коментира дека Самитот на ОБСЕ наместо промоција на Скопје и Македонија се претвора во уште еден скандал во режија на власта.

„Не очекувам ништо повеќе од власта сега кога се на неколку месеци на губење на фотелјите што за нив значат сѐ бидејќи без тие фотелји се ништо.Ништо не би ме изненадило од овие луѓе до формирањето на техничката влада и до народната влада која ќе ја избере народот“ вели Мицкоски.

За Мицкоски нема дилеми дека отворањето на музејот на УЧК е обид на ДУИ за реминисенција на национал романтичарски теми за прикривање на криминалот.

„Враќањето и реминисенција на национал романтични идеји од некои минати времиња за ДУИ се секогаш можност да се обидат да го дефокусираат јавното мислење од реалните теми и проблеми.Кога знаете дека Гостивар, Кичево, Струга,Чаир, се празнат и луѓето се иселуваат и кога гледате дека неколкумина од вршушката од ДУИ стануваат милионери и сопственици на милионски имоти, располгаат со многу моќ и финансии тогаш за тоа го одбегнат единствената работа која што ја прават враќање на некои национал романтични времиња и на тој начин се обидуваат ВМРО-ДПМНЕ но и другите албански политички субјекти да ги навлечат на терен на кој тие се највешти. Но, мислам дека македонската јавност и партиите се свесни за оваа груба манипулација и тоа не фати корен и таа биста ја снема. Но, тие нема да престанат.Секој таков скандал значи дека се случува нов грабеж и неколку нови автобуси полни со млади луѓе кои се иселуваат“ вели тој.

Мицкоски потсетува дека сето она што досега го објави за скандалот со Клиниката за онкологија никој не го дематираше.

„Тоа што го објавив во јавноста е извештај на Фондот за здравство кој врши вонреден инспекциски надзор на јавните набавки и работењето на Министерството за здравство и Клиниката за Онкологија. Во МЗ вонредно се мониторира периодот од први август 2021 година до први август 2023 година. На Клиниката за Онкологија опфатен е периодот демекври 2022-јануари, февруари, март 2023 година. Кога сето тоа ќе се анализира доаѓаме до низа заклучоци кои што наведуваат дека не само што не престанало она девијантно однесување на канцер мафијата туку тоа продолжува. Не биле навремено испорачувани лекарствата кои што требало да бидат аплицирани на пациентите и за тоа никој не сноси одговорност а нема ни негативна референца кон дистрибутерите кон веледрогериите. Често пати се создавани дефекти во системот односно отсуство на соодветни медикаменти кои требало да се аплицираат на оние што било најпотребно и морале приватно да ги купуваат. Констатирано е и дека голем број на пацинти врз основа на нивно барање а извештај на специјалисти и супспецијалисти ја аплицирале таа терапија во други установи. Се поставува прашањето дали постои протокол според кој се дозволува да биде аплицирана терапијата во други установи. Нашите информации говорат дека таков протокол на Клиниката за онкологија не постои. Понатаму, дали транспортот на тие терапии е согласно договорот со дистрибутерот или веледрогеријата, односно дали транспортот на материјалот е на термички услови од два до осум степени или пак можеби се носени во торбичка. Дали пакувањата како доказ се носат во Клиниката за Онкологија дека терапијата е аплицирана и кој стои позади таа апликација на пациентите. Дали вијалите каде што имаме пакување што поголемо од потребите на пациентот се евидентирани како остаток и дали се аплицирани на други пациенти. Има многу прашања. За сево не знаеме ни дали Обвинителството има предистрага но знаеме дека оваа канцер мафија и омилената веледрогерија се во една тешка коалиција и ветувам дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи Владата сериозно ќе се занимаваме со работењето на оваа Клиника и врските со канцер мафијата. Од свиркачи добиваме сериозни документи со индиции но и докази дека ова се повторува и на други клиники. Ова е грозоморен настан на кој мора да му се стави крај и потребни се имиња и мораме да го впериме прстот кон вистински виновници. Не можеме да ги генарализираме работите“ потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски вели дека веќе се прават подготовки за избор на кандидат за претседател на државата.

„Кандидатот треба да биде човек со интегритет, патриот што си ја љуби својата татковина, што ќе обединува а не разединува, ќе се грижи за интересите за Македонија, за идентитетот на македонскиот народ, посветена и работлива личност која што ќе добие поддршка од сите гласачи кои се антивладини.Препознавме многу профили кои се слини на ова што го наведов и ги мериме.Имаме пет-шес т кандидати кои ги анализираме.Но, ние сме демократска партија и согласно статутот ќе имаме оглас со правила за учество на конвенцијата каде што делегатите ќе одлучат“ вели тој.

Мицкоски е свесен дека ВМРО-ДПМНЕ е фаворит на следните избори, но сепак е многу внимателен.

„Не би сакал да ги поткреваме очекувањата па да се создаде една летаргија и апатија „од мојот ли глас зависи, секако ВМРО-ДПМНЕ победува“. Ние треба да имаме кампања во која што ќе ги повикаме граѓаните на мобилизација и масовност затоа што следните избори се референдумско изјаснување.Од една страна е ВМРО-ДПМНЕ а од друга страна ги имаме Ковачевски, Ахмети,Зечевиќ, Груби, Османи Маричиќ.Тоа е понудата од едната страна и од другата страна е ВМРО-ДПМНЕ.Може да се профилира и трета опција која што која денеска е опозиција на опозицијата која се обидува преку одреден вид измеќарења кон владата да направи штета на ВМРО-ДПМНЕ.Но, мислам ги потценуваат граѓаните и нема да успеат.Нашата порака треба да биде благодариме на довербата, ја прифаќаме довербата на фаворити но ве молиме немојте немојте да влеземе во состојба на летаргија.Ни треба масовност и мобилизација и 61 пратеник за трансформација на Македонија бидејќи ова нема да биде влада која што менаџира процеси туку треба да ја трансформира Македонија“.

Тој открива каква кампања ќе води ВМРО-ДПМНЕ, а каква кампања очекува од СДСМ.

„Од СДСМ очекувам конфузни пораки и црна негативна кампања.ВМРО-ДПМНЕ ќе води позитивна кампања што ќе нуди иднина, кампања што ќе се темели на проекти, реформи и трансформација на Македонија“.

Мицоски е убеден дека на овие избори ќе се стави крај на владееето на ДУИ.

„Очекувам следните избори ДУИ да бидат многу непријатно изненадени од број на освоени гласови. Ова раководство на ДУИ е сериозно и длабоко вплеткано во криминал. Нашата посакувана опција е да се даде шанса на т.н албанска опозиција.Треба да ѝ се даде шанса на ДУИ да помине одреден период во опозиција да се реструктуира, да освежи со нови идеи. Гледате како збунуваат со пораките – од зелена агенда пред една година почнаа со споменици, обедината Албанија. Водат политика денес за утре, а од друга страна, додека одат од еден на друг споменик се возат во „ролс ројс“ и „мајбах“ и купуваат мултимилионски имоти“ заклучи тој.