Мицкоски: Идните политичари мора да се фокусираат на вештачката интелигенција и енергијата, романтичните идеи да останат во минатото

- Политичарите кои зборуваат за романтични идеи од минатото можеби делуваат интересно привлечни за мала група луѓе, но идните политичари мора да имаат предзнаење за вештачката интелигенција и енергијата бидејќи тоа се предизвиците во иднина. Романтичните идеи се за минатото, а ако сакаме да ги развиваме нашите општества мора да се грижиме за иднината, а вие сте решението за иднината, им порача Мицкоски на младите од сестринките партии на Европската народна партија кои во Сккопје разговараат за улогата на технологијата, стабилноста и младинските политики.

Политичарите мора да се фокусираат на енергијата и на вештачката интелигенција затоа што тоа е иднината на светот. Политичарите кои зборуваат за романтични идеи од минатото длеуваат интересно само за мала група луѓе, порача премиерот Христијан Мицкоски денеска од настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“ што се одржува во Скопје.

-Политичарите кои зборуваат за романтични идеи од минатото можеби делуваат интересно привлечни за мала група луѓе, но идните политичари мора да имаат предзнаење за вештачката интелигенција и енергијата бидејќи тоа се предизвиците во иднина. Романтичните идеи се за минатото, а ако сакаме да ги развиваме нашите општества мора да се грижиме за иднината, а вие сте решението за иднината, им порача Мицкоски на младите од сестринките партии на Европската народна партија кои во Скопје разговараат за улогата на технологијата, стабилноста и младинските политики.

Мицкоски изрази задоволство што имал можност да сподели дел од своето искуство со овие млади луѓе од кои некои, вели, ќе бидат идни европратеници и комесари.

-Имајќи предвид дека Европската народна партија е водечка во Европа, очекувам голем дел од младите луѓе кои се тука да бидат идни европратеници и комесари кои ќе ја обликуваат иднината на Европа. На времето кога го подготвувам мојот докторат користев алгоритми кои ги користи денеска вештачката интелигенција. Иднината на светот се темели на апликации од вештачката интелигенција, рече Мицкоски на настанот што е во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Студентската организација на ЕПП и фондацијата Конрад Аденауер.

Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, во рамки на настанот истакна дека актуелните конфликти во светот покажуваат дека светскиот поредок, каков што долго време постоеше, е во процес на распаѓање. Тој посочи дека ЕУ често во поглед на надворешната политика тешко донесува одлуки, затоа што земјите‑членки понекогаш имаат различни интереси.

Тој посочи и дека во поглед на нуклеарните закани како и енергетскиот сектор Европа мора да зборува со еден глас.

-Затоа е потребно да се зајакнат капацитетите на Европа. Германскиот канцелар Фридрих Мерц рече пред неколку недели дека Европа мора повторно да научи да зборува на јазикот на моќта. Особено во поглед на нуклеарните закани како и енергетскиот сектор Европа мора да зборува со еден глас. Тоа не значи дека треба целосно да се повлечеме од старите партнерства, туку дека треба јасно да ги формулираме и штитиме нашите интереси – истакна Браун.

Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, во својот говор се осврна на процесот на европска интеграција, за која истакна дека е неопходна, но мора да се темели на вистински реформи, функционални институции како и владеење на правото. Попов подвлеше дека Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на кредибилен и одговорен пристап.

-За земји како нашата, европскиот пат не е прашање на политичка мода, туку стратешка неопходност. Сепак, овој пат мора да се базира на кредибилитет. Реформите мора да бидат реални, институциите мора да функционираат, а владеењето на правото мора да се зајакне во пракса, а не само да се декларира во политички документи. Во исто време, процесот на европска интеграција мора да го задржи и сопствениот кредибилитет. Мора да се базира на јасни критериуми, еднаков третман и предвидлив напредок. Без оваа заедничка одговорност, процесот ризикува да го изгуби своето значење, особено кај младите луѓе кои очекуваат јасност и праведност – вели Попов.

ВМРО-ДПМНЕ има сериозен и структуриран пристап кон предизвиците, и како што вели, не ја третира европската интеграција како симболична цел, туку како процес кој бара длабока внатрешна трансформација.

,,Ова вклучува зајакнување на институциите, обезбедување правна сигурност и создавање услови за економски развој. Исто така, вклучува градење систем во кој заслугите, компетентноста и одговорноста се главни критериуми за успех. Ова е единствениот начин да се создаде одржлива и веродостојна европска иднина“, истакна Попов.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи тој, останува цврсто посветена на европска иднина заснована на кредибилитет, реформи и резултати

-Како ВМРО-ДПМНЕ и Унијата на млади сили, ние остануваме цврсто посветени на европска иднина заснована на кредибилитет, реформи и резултати. Подготвени сме активно да придонесеме во овој процес, со јасно разбирање дека одговорноста не може да се одложи, потенцира Попов.

Повеќе од 70 млади лидери од сестринските партии на Европската народна партија (ЕПП) од цела Европа на настан во Скопје дебатираат за улогата на технологијата, стабилноста и младинските политики во иднината на западнобалканскиот регион.