Мицкоски за „црниот печат“ за Менкиноски во Бугарија: Ова е бескрупулозен потег и заслужува осуда

Адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, го информирал Парламентот, Владата и Министерството за надворешни работи за да преземат соодветните чекори согласно нивниот мандат и овластување, бидејќи, како што рече, да се стави црн печат на адвокат не се случило ниту во Нинбершките процеси.

На денешната прес-конференција, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е запознат со она што се случува и дека телефонски разговарал со Менкиноски.

„Јавно го осудувам тоа. Тоа е лоша порака и лоша порака за самата ЕУ. Очекувам дел од земјите членки да го осудат ваквото однесување на нашиот источен сосед, бидејќи нема да биде прв пат нашиот источен сосед да ги крши човековите права. Тоа веќе го направи неколку пати до сега откако не ги примени пресудите од судот за човекови права во Стразбур.

Сега гледате како се ограничува елементарното човеково право да се движи човек од едната на другата страна на границата. Не зборуваме за човек кој е криминалец, туку за зборуваме за чесен граѓанин, којшто единствен грев му е тоа затоа што ги застапува правата на Македонците од другата страна на границата пред Судот за човекови права во Стразбур. Тоа е единствениот грев и заради тоа добива црн печат. Навистина, бескрупулозно и заслужува целосна осуда. Тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија, доколку Европската Унија не излезе со осуда на ваквото однесување“, рече Мицкоски.