Мицкоски за изјавата на Таравари: Не беше така кажано, никогаш не сум бил против Коридорот 8

„Тоа што вие го цитирате не беше така кажано од господинот Таравари, но во ред. Јас категорично демантирам дека така беше кажано“, рече Мицкоски.

Никогаш не сум бил против Коридорот 8, а да точно, сум бил против Преспанскиот договор, откако на насилен пат се носеа пратеници да гласаат за уставните измени и кога сето тоа стана реалност уште во опозиција пред четири-пет години реков дека не можеме да ја игнорираме јавноста, рече премиерот Мицкоски во одговор на новинарско прашање како ја коментира изјавата на министерот Таравари, кој во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ21 рече дека Мицкоски ќе ги прифати уставните измени како што ги прифати Коридорот 8 и Преспанскиот договор, за кои имал забелешки ама сепак ги прифатил.

„Тоа што вие го цитирате не беше така кажано од господинот Таравари, но во ред. Јас категорично демантирам дека така беше кажано“, рече Мицкоски.

За уставните измени пак, Мицкоски рече дека бара достоинствено решение, а тоа се уставни измени со одложено дејство. Тој е категоричен дека нема намера да отстапи ниту милиметар од своите ставови за ова прашање.

„Ние можеме да зборуваме за уставните измени но истовремено можеме да зборуваме за други работи кои ние ги бараме коишто се дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, позади која застанаа повеќе од половина милион граѓани и јас немам намера ниту милиметар да се поместам од тоа што сум го кажувал, го кажувам сега и ќе го кажувам во иднина“, порача Мицкоски.