Мицкоски за десетина дена треба да се сретне со „АКСА“, ќе ги договара приоритетите за гасификацијата
Премиерот Христијан Мицкоски очекува на 12 јануари да има состанок на кој дефинитивно ќе бидат констатирани приоритетите со сопственикот и менаџментот на компанијата „АКСА“ за најавената инвестиција од една милијарда евра во гасификација и конечно, ако се оди според планот на есен, да почнеме со камен-темелник во 2026 година.

За најавената гасификација и инвестицијата на гигантот „Акса“, Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на нова детска градинка во Кочани, рече дека физибилити студијата е направена од реномирана светска куќа, параметрите се јасни и приоритетите се дефинирани.
– Но истовремено сакам да ја информирам јавноста дека не е само овој проект со вредност до една милијарда евра – имаме уште неколку проекти кои се работат и се разработуваат во делот на гасната инфраструктура и когенеративните гасни централи. Очекувам наскоро и за нив, преку прес-конференција, да ги информираме граѓаните што е тоа што е сработено, изјави Мицкоски.
Енергетските компании „АКСА“, кои се дел од турската компанија „Казанчи Холдинг“ со која Владата претходно потпиша меморандум за соработка, е водечка турска компанија со над 25 години искуство, работи со инсталиран капацитет од над 3.500 MW во осум земји и оти работат во 22 земји на четири континенти.
Со нив, како што беше претходно објавено има план за изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративните централи со 500 MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1 TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво – инвестиција од над една милијарда евра.