Не сакам да шпекулирам каде е Артан Груби, одговори премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали има информации каде е избеган поранешниот вицепремиер.
-Различни се информациите, не би шпекулирал дали е во Албаннија, или во Косово. Факт е дека не бил чист како солза. Ако е така, би застанал пред органите на правдата, рече Мицкоски.
Претходно првиот заменик-премиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, изјави дека според сознанијата тој не е на Косово, туку е во Албанија.