Мицкоски за Владата без Таравари: Следната недела многу работи ќе бидат појасни

-На редовниот Извршен комитет синоќа разговаравме за актуелната економска и политичка состојба во државата, очекувам до крајот на месецот да излезам пред членовите на ИК со предлози за кандидати за градоначалници, па оттаму тоа ќе оди на Централен комитет. Членовите на ИК ме овластија во периодот којшто следи да номинираме нови имиња кои ќе ги заменат имињата на оние коишто одлучија да одат во прегратките на Али Ахмети и на ДУИ односно од партијата на Арбен Таравари, рече Мицкоски по поставување камен-темелник на училишна спортска сала во подрачен објект на ОУ „Гоце Делчев“ во село Долно Лисиче, Општина Аеродром.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека во периодот што следува ќе бидат номинирани нови имиња на местото на Алијанса за Албанците, крило на Арбен Таравари, кои излегоа од владината коалиција.

-На редовниот Извршен комитет синоќа разговаравме за актуелната економска и политичка состојба во државата, очекувам до крајот на месецот да излезам пред членовите на ИК со предлози за кандидати за градоначалници, па оттаму тоа ќе оди на Централен комитет. Членовите на ИК ме овластија во периодот којшто следи да номинираме нови имиња кои ќе ги заменат имињата на оние коишто одлучија да одат во прегратките на Али Ахмети и на ДУИ односно од партијата на Арбен Таравари, рече Мицкоски по поставување камен-темелник на училишна спортска сала во подрачен објект на ОУ „Гоце Делчев“ во село Долно Лисиче, Општина Аеродром.

Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали ресорите што ги напушти Таравари ќе останат во Вреди или ќе се поделат, рече дека во наредниот период ќе бидат појасни многу работи, повика на трпеливост и изрази уверување дека ќе биде постигнат договор.

Синоќа на седницата Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата, го овласти лидерот на партијата и претседател на Владата Христијан Мицкоски, да предложи нови кадровски решенија на позициите што досега ѝ припаѓаа на Алијансата за Албанците, по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владината коалиција.

-Овој чекор на Таравари беше оценето дека претставува уште еден доказ дека групата на заштитници на криминалот и корупцијата добива нови редови – уште една маска падна, уште една илузија беше разоткриена. На политичката сцена се појави нов, добро координиран марионетски квартет: СДС, Алијанса, ДУИ и Левица – различни имиња, но ист газда. Различни маски, но ист сценарист, информира вчеравечер од партијата.

ДУИ, како што наведуваат, „со години инвестираше во создавање на лажни политички конкуренти кои всушност се негови продолжени раце. Така ги добивме СДС и Алијансата на Таравари – партии со речиси идентичен рејтинг, подготвени да бидат потрошени во функција на обидот за враќање на ДУИ на власт. И како што е случај со секоја потрошна роба, така и овие ќе бидат фрлени на политички отпад кога ќе ја завршат својата задача“.

Вчера министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски истакна дека доколку Арбен Таравари има намера да соработува со ДУИ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да соработува со него, додавајќи дека владиното мнозинство е стабилно.

– Владата е стабилна, владиното мнозинство е стабилно. Владата работи посветено на реформи. Јас тоа го кажав и пред неколку недели, дека доколку господинот Таравари одлучи да работи со ДУИ, тогаш не може да соработува и со ВМРО – ДПМНЕ. Ние како политички субјект не сме подготвени да имаме соработка со некој којшто има за цел понатаму да дејствува политички во координација со ДУИ, барем до момент дури ДУИ не се реформира, а ДУИ во моментот е далеку од реформиран политички субјект, рече Муцунски. Потенцираше дека токму ДУИ е виновникот за нарушените позиции во надворешната политика, па со оглед на тоа таков политички субјект не може да биде партнер со ВМРО-ДПМНЕ.

Во понеделникот вечерта, по состанокот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари на прес-конференција изјави дека ја напуштаат владината коалицијата и дека одат во опозиција. Според него, едногласна била одлуката во партијата на оваа средба на која беа партиските функционери и претседателите на ограноците. Тој тогаш рече дека се горди на промената во албанскиот политички блок која ја направиле после две децении, но оти промените не биле доволни. Таравари најави дека ќе има уште една средба со премиерот Христијан Мицкоски.