
Мицкоски: Европа има шанса да исправи историска неправда
Премиерот Мицкоски уште еднаш ја коментираше резолуцијата во Европскиот парламент со која треба да се признае посебниот македонски идентитет и јазик, но исто така го коментираше и амандманот на бугарски европратеник - јазикот и идентитетот да бидат опишани како „сегашни“.
Премиерот Мицкоски уште еднаш ја коментираше резолуцијата во Европскиот парламент со која треба да се признае посебниот македонски идентитет и јазик, но исто така го коментираше и амандманот на бугарски европратеник – јазикот и идентитетот да бидат опишани како „сегашни“.
„Сега очекувам Европа да даде одговор. Европа сега има шанса. Сега нема едногласие. Европа има шанса да исправи историска неправда нанесена со прифаќањето на Бујар Османи и Димитар Ковачевски што им беше ставено на маса. Бугарските парламентарци се таму и работат да помине сето тоа. Ако некој кај нас гаи илузија дека тие седат со скрстени раце, се лаже. Затоа што некој им дал можност кога го прифатиле таканаречениот француски предлог. И сега тие нормално, тоа го прават, но вистината излегува на површина.
А, вистина е дека официјална Софија никогаш не се препакува и остана да биде слеп заложник на „живковизмот“. Создавање на нова сегашна македонска нација којашто почива на основите на бугарската нација. Тоа е суштината. И секој кој не верува во ова, или е политичка аналфабета или свесно сака да ги манипулира граѓаните“, рече Мицкоски.
Тој напомна дека имал интензивни разговори со неколку влијателни луѓе и во ЕП и во Брисел. Доколку тоа се случи, смета Мицкоски, ќе се потврди дека не станува збор за неколку стотини граѓани кои се сметаат дека се дел од бугарската заедница во Македонија, туку дека е обид за создавање нова, вештачка, сегашна македонска нација која почива на корените на бугарската нација.
„ Јас тоа нема да го прифатам и ќе го отфрлам и никогаш нема да го прифатам, зашто тоа нема никаква врска ниту со европските, ниту со какви било вредности. Но, тоа уште еднаш покажува со какво незнаење и авантура или намера влегоа Бујар Османи или Димитар Ковачевски“ – рече премиерот.