Мицкоски: Делчев е дел од македонскиот идентитет, неговото дело не смее никогаш да биде заборавено

– Тоа што го правевме во минатото продолжуваме да го правиме и како Влада. Цениме дека македонската Влада треба да има традиција и во иднина да го чествува овој ден бидејќи ова е наш македонски великан кој е дел од македонскиот идентитет и неговото дело не смее никогаш да биде заборавено – рече Мицкоски.

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска положи свежо цвеќе во црквата Св. Спас во Скопје и на целата македонска јавност и го честита родениот ден на македонскиот великан, идеолог и јунак – Гоце Делчев.