„Не би сакал да шпекулирам. Но, ги повикувам сите оние бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите, аргументите и доказите пред органите за да можеме да извлечеме заклучок дали тие се виновни за тоа за кое што постои основано сомневање. Не би можел да откривам било какви детали поврзани со белаците од правдата“, рече Мицкоски како одговор на прашањето дали Владата има соработка со албанската Влада, бидејќи според некои информации Груби се наоѓал на албанска територија.
Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, заедно со поранешниот директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами, се бара со меѓународна потерница во врска со злоупотребите во Државната лотарија во вредност над осум милиони евра. По барање на Јавното обвинителство, им е определен притвор во траење од 30 дена.