Мицкоски: Го чекав денот Пендаровски да добие насока од државник да се претвори во послушник

Мицкоски за Канал 5 вели дека сите сме за Македонија да биде дел од ЕУ, како одговор на изјавата на претседателот Стево Пендаровски, кој изјави дека реферндум има само во главата на Мицкоски и дека би поддржал јавно изјаснување ако прашањеето биде : Дали сте за влез на државата во ЕУ?

Во преговарачката рамка за Македонија експлицитно стојат билатералните односи, вели Мицскоски и додава дека ниту една земја членка немала таков проблем како што има Македонија. Проблемот е што преговорите со Бугарија ги донесовме на заедничка маса со европските преговори

Мицкоски вели дека народот ни е уморен и поделен комплетно, делот што ја поддржува Владата е исклучително мал.

Тој смета дека треба да се преговара со Бугарија, ќе се борме за нашите позиции и кога ќе се избориме, ќе го почнеме патот кон ЕУ. Или ќе се асимилираме и бугаризираме под овие услови или ќе се бориме да ги промениме, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.