Владата по критиките и укажувањата дека треба да ги објави имињата на советниците на премиерот и нивните примања од државниот буџет, денеска ги објави сите имиња. На списокот советници има само две жени, има двајца поранешни директори на тајната служба УБК, 5 универзитетски професори, еден странски експерт, еден амбасадор и еден лекар нефролог кој ќе стане амбасадор.
–Вкупно имам 17 советници, а платите на сите се 60.000 денари, освен за оние кои се со полно работно време. Тоа се тројца или четворица кои се во Владата, и нивните хонорари се 90.000 денари месечно – изјави Мицкоски.
Во продолжение списокот:
- М-р Амбасадор Сашо Марковски / Надворешен советник за надворешна политика и специјален претставник во процесот на преговори на претседателот на Владата со Европската комисија
- Јоханес Хајдекер / Надворешен советник – интегриран експерт за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во канцеларијата на претседателот на Владата за подготовка на целни документи за политики, анализи и совети до премиерот и координација со другите ресорни министерства при подготовка и имплементација на владините економски политики со јасна стратешка ориентација кон процесот на пристапување во ЕУ
- Цветко Мицевски, Надворешен советник за инфраструктура
- Проф. д-р Гоце Наумовски / Надворешен советник за прашања од областа на правото
- Проф. д-р Лазар Јовевски / Надворешен советник за труд и социјална политика
- Проф. д-р Александар Спасеновски / Надворешен советник за европски прашања
- Снежана Трпевска / Надворешен советник за унапредување на образование, здравство и социјална заштита и спроведување на конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост
- Владимир Пешевски / Надворешен советник за стратешки прашања од областа на економијата
- Зоран Ставревски / Надворешен советник за финансии и банкарство
- Горан Николовски / Надворешен советник за стратешки прашања од областа на безбедноста
- Шенер Биљали / Надворешен советник за односи меѓу заедниците
- Трајко Вељаноски / Надворешен советник за собраниски, политички и правосуден систем
- Мимоза Рајл / Надворешен советник за култура
- Љубчо Андоновски / Надворешен советник за национална безбедност
- Проф. д-р Јован Пејковски / Надворешен советник од областа на политичките и економските науки
- Проф. д-р Даме Димитровски / надворешен советник за животна средина и клима
- д-р Игор Николов / Надворешен советник за реформи во здравството / (со 31.01.2025г. спогодбен прекин на договор, поради именување за Амбасадор)