
Мицкоски ги отстрани потпретседателите од партијата за да владее апсолутно со неа, велат од СДСМ
Опозициската СДСМ смета дека лидерот на владејачката партија, Христијан Мицкоски, ги отстранил сите потпретседатели во ВМРО-ДПНЕ, по примерот на Вучиќ, за апсолутно да владее и со партијата, како што сака да владее со Македонија.
Опозициската СДСМ смета дека лидерот на владејачката партија, Христијан Мицкоски, ги отстранил сите потпретседатели во ВМРО-ДПНЕ, по примерот на Вучиќ, за апсолутно да владее и со партијата, како што сака да владее со Македонија.
„Ги постави своите најблиски другари“, се вели од соопштението од СДСМ, во кое поединечно се осврнуваат на вчерашните внатрепартиски кадровски именувања во владејачката партија.
За Томовски се вели дека е назначен за организациски секретар, со цел да ги „организира“ односно контролира тендерите.
„Тука е и човекот на Сашо Мијалков од службите, очигледно за контакти со руските служби – Драган Ковачки. Човекот кого НАТО го одби, кој не исполнува услови за сертификат, сега е првиот човек за Мицкоски во партијата“, наведуваат од СДСМ додавајќи дека ВМРО се враќа во времето кога службите беа главни во партијата додека се спроведува грабеж.
Покрај ова, се вели во соопштението, негов најблизок соработник во Владата е вицепремиерот Стоилковиќ, човек со години во служба на БИА и во интерес на руските служби. Човек кој слави со Ноќните волци и странски анти-ЕУ пропагандисти.
„Вели дека во мај–јуни ќе има реконструкција на владата за да постави уште некои свои луѓе кои му требаат“, реагираат од СДСМ.