Мицкоски: Во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за ЈП Комунална хигиена Скопје

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП Комунална хигиена Скопје, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП Комунална хигиена Скопје, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Тој истакна дека со оваа набавка ќе се реши еден од најголемите долгогодишни проблеми во работењето на претпријатието – застарената и истрошена механизација, која сериозно го отежнувала одржувањето на јавната хигиена во главниот град. Според Мицкоски, состојбата дополнително била усложнета и со превработеност, како и со недоволна ефикасност на дел од вработените.

„Со овие 40 камиони значително ќе се подобри состојбата со хигиената во Скопје. Хигиената ни е прв приоритет и ова е конкретен чекор за решавање на проблемот“, рече Мицкоски.