Мицкоски: Во ЕУ немаше заеднички став, логично беше да застанеме зад резолуцијата на САД

-И во иднина ако имате било какви дилеми или не е јасно, тогаш ви стојам на располагање да ви дадеме информации. Го имате мојот број, ви стојам на располагање. Доколку го немате, лесно можете да го добиете од вашите колеги. Сега не се моменти кога треба да ја поларизираме состојбата околу националните прашања, рече Мицкоски од собраниската говорница.

Одлуката беше таква затоа што имавме избор дали да застанеме првите во редот со стратешкиот партнер САД или да поддржиме заеднички став на ЕУ. Кога видовме дека во ЕУ нема заеднички став, беше логично да застанеме позади резолуцијата на САД. Меѓутоа на Советот за безбедност има постојано земји-членки и земјите кои што се менуваат. Прашањето е зошто постојаните земји не го блокираа носењето на резолуцијата? Зошто не гласаа против ако биле против? Затоа што сите сега еден по еден ќе се редат во Вашингтон, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеничката Славјанка Петровска во Собранието околу нашата поддршка за американската резолуција за војната во Украина.

Мицкоски повтори дека ние гласавме исто како и нашиот стратешки партнер САД.

-Еден од нашите амандмани беше усогласен и прифатен. Гласавме воздржано на изменетата резолуција исто како со САД во координација со нивниот претставник. За суштината, ако зборуваме за мир во Украина, а ако не сме со двојни стандарди, ајде да разговараме за мир. Се седнува на маса и ќе се преговара се додека не се постигне мир. Со воени дејствија на теренот, со жртви, раселени не се постигнува мир, кажа премиерот и ѝ порача на опозицијата дека треба да го поздрави потегот на Владата, додавајќи: