
Мицкоски во Дубаи ги претставил можностите за инвестирање во Македонија
Премиерот Христијан Мицкоски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати, во Дубаи имал повеќе средби меѓу кои со Мохамед Алабар - основач и управен директор на Игл Хилс, со Мохамед Хасан Ал-Суваиди - директор на Абу Даби развојна холдинг компанија која е главен глобален инвеститор, како и со Мохамед Јамеел Ал Рамахи - извршен директор на Масдар Енерџи Инвестмент Компани, една од најголемите светски инвеститори во обновлива енергија и двигатели на енергетската транзиција.
Премиерот Христијан Мицкоски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати, во Дубаи имал повеќе средби меѓу кои со Мохамед Алабар – основач и управен директор на Игл Хилс, со Мохамед Хасан Ал-Суваиди – директор на Абу Даби развојна холдинг компанија која е главен глобален инвеститор, како и со Мохамед Јамеел Ал Рамахи – извршен директор на Масдар Енерџи Инвестмент Компани, една од најголемите светски инвеститори во обновлива енергија и двигатели на енергетската транзиција.
Мицкоски на Фејсбук објави дека на средбите ги преставил можностите за инвестирање во Македонија и напорите на Владата земјата да се најде на мапата на светските инвеститори.
– 1. Игл Хилс е приватна компанија за инвестирање и развој во недвижнини со седиште во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати. Компанијата веќе има инвестирано во Албанија, Унгарија и Србија.
2. Абу Даби развојниот холдинг од 2023 година е меѓу 10-те најдобри светски суверени фондови по обем на инвестиции.
Само за илустрација во 2024 година, ADQ и владата на Египет потпишаа договор за ADQ да инвестираат 35 милијарди американски долари во развојот на Рас ел-Хекма на египетскиот медитерански брег. Договорот му дава право на ADQ да развие 130 милиони квадратни метри земја, и е најголемиот договор за странски инвестиции во историјата на Египет.
3. Додека Масдар е пионер во чистата енергија, позиционирајќи ги ОАЕ на чело на светската енергетска транзиција. Масдар е присутна и поддржува повеќе од 40 земји во нивната енергетска транзиција, наведува Мицкоски.
Со сите овие компании, како што посочува, разговарал за проекти, можности и планови за инвестирање во Македонија која како држава доцни во лобирањето да се најде на инвестициската мапа на овие светски економски гиганти.
– Даваме се за да обезбедиме иднина и просперитет за нашите граѓани. Контактите продолжуваат и нашата борба за напредок и развој, пишува премиерот Мицкоски на својот ФБ профил.